ФАТИМЕ ФЕТАИ ГИ ЗАПРЕПАСТИ СИТЕ ВО СУДНИЦАТА : Фетаи во судот ги читаше пцостите и заканите на ГРУЈОВАТА ОРДА кои ја демолираа Општина Центар – Живи нема да излезете, излези да ти ебам мајката, пичка ти материна, педеру, неверници!!!

0
4119

Обвинителката Фатиме Фетаи го изнесе обвинението за „шамарите во Центар“ пред судот.

Таа истакна дека обвинетите лица, влегле во дворот на општината и почнале насилнички да се однесуваат кон оштетените, ги малтретирале, грубо навредувале и им ја загрозиле сигурноста, со тоа што силно тропале по прозорците од бараката бр.6 во општина Центар, каде што требало да се одржи седницата на Советот, како и по целата барака.

Според Фетаи обвинетите цело време ги отворале прозорите од бараката и континуирано извикувале „Андреј, Андрејчоо, излези надвор, пичка ви материна комуњарска, ти ли ќе рушиш црква, излези и ќе видиш што ќе те снајде, излези да ти ебам мајката, Вие ли ќе рушите црква, антихристи, неверници, уаа лопови, педеру, да ти ебам фамилијата, предавник, неверник, комуњаришта, живи нема да излезете од тука, да ми го јадете, на еве Ви, ќе Ви го ставам во уста, комуњару, гомно комунистичко, косовци, удбаши, банда хелеона“ и други погрдни, навредливи и заканувачки зборови.

Поради ваквата ситуација и насилното однесување била оневозможена работата на Советот и заради спречување на поголеми инциденти, па седницата била прекината и презакажана за 10.06.2013 година, кога повторно пред општината се собрале неколку стотици луѓе и бидејќи од безбедносни причини вратите за влез во дворот на општината биле затворени.

Фетаи рече дека дел од обвинетите заедно со останатите од групата насилно ја скршиле кованата ограда од дворот и почнале да фрлаат со разни предмети, камења, живи јајца, домати, компири и полни пластични шишиња кон бараката, со што биле скршени сите прозори од барака број 6 од општината.

Со телесна повреда во пределот на левото око во вид на црвенило и влегување на стран предмет во окото се здобила оштетената Б.Ч., а при насилен обид за влегување во салата за седници била скршена и влезната врата од бараката преку која се стигнува до салата за седници, притоа повторно упатувајќи ги истите и слични погрдни, навредливи и заканувачки зборови, како и на 07.06.2013 година, која состојба траела со до доаѓање на странски амбасадори и претставници на ОБСЕ во просториите на општината.

Извор: А1он.мк