Фатени на дело Биљана Бришковска и судијата Ивица Стефановски, член на кривичниот совет кој му одреди домашен притвор на Горан Груевски

0
4280
Во петокот околу 20:30 часот од населбата Жданец во Козле, возачот на Билјана Бришковска го земал судијата Ивица Стефановски и го однел до подземната гаража кај штабот на ВМРО ДПМНЕ каде го пречекала Билјана Бришковска, јавува Центарњус.
Таа гласно го прашала: Што има Ивица?
Судијата одговорил: Лошо е но ајде да се видиме со Мијалков и таму ќе збориме.
Ивица Стефановски е заменик на претседателот на Основен Суд Скопје 1 и претседател на Кривичниот совет за организиран криминал.
Ивица е еден од судиите во кревичниот судски совет кој одлучи притворот за Горан Груевски да се замени со домашен притвор.
Ивица Стефановски е вториот судија во процесот Пуч против Зоран Заев, Зоран Верушевски и другите лица.
Како мисли овој човек „судија“ кој е на возраст помалку од 40 години да го продолжи животот со чист образ и крената глава кога и самиот знае какви се доказите обезбедени од СЈО но и доказите кои се обезбедени од претресот во становите на Горан Груевски?
Зарем мисли дека за тоа што го прави нема да орговара?
Правдата и одговорноста ќе стигне за секого вклучително и за судиите под контрола на Сашо Мијалков и Билјана Бришковска.
Ги охрабруваме сите граѓани кои можат да допринесат со информации за спрегата на одредени судии со високи преставници на власта посебно со Мијалков и Бришковска да продолжат да ги споделуваат со јавноста. Тоа е еден од начините за враќање на правдата во Македонија.
Извор: ЦентраЊус