УШТЕ ЕДНО ЌОСЕ ИДЕ У ЌОРКА: ВО ШВЕДСКА УАПСЕН ИЗБЕГАНИОТ ДЕЈАН ДАВИДОВСКИ, ОБВИНЕТ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ

0
1302

39-годишниот Дејан Давидовски, по кого пред една година има распишано меѓународна потерница и по кого трагаше Интерпол, е уапсен во Шведска, на аеродромот Скаваста каде што пристигнал на 7 април. Tој е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието (Фото: принтскрин од потерницата на МВР)

Шведската полиција го уапси Дејан Давидовски, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од македонското Обвинителство, од каде велат и дека Македонија побарала негова екстрадиција.

Како што објави шведскиот весник „СВТ нихетер“, 39-годишниот Давидовски, по кого пред една година има распишано меѓународна потерница и по кого трагаше Интерпол, е уапсен во Шведска, на аеродромот Скаваста каде што пристигнал на 7 април. Tој е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието. Тој е македонски државјанин, но патувал со документи од друга европска земја каде што живеел. Тој има и шведски број на социјално осигурување, бидејќи работел во Шведска.

Во сослушувањето пред шведската полиција, тој негирал дека ќе има никаква врска со нападот на Парламентот. Но, по барање на шведските обвинители, окружниот суд на Никопинг му изерекол притвор бидејќи постои ризик да избега.