УШТЕ ЕДНО ВМРОВЧЕ ЧЕ СИ ЛЕЖИ ВО ШУТКА, МУ ЛЕПЕЛО РАЧЕТО

0
2246

Во Македонскиот народен театар (МНТ) е постапувано по налог на Јавното обвинителство, изјавија за МИА од Министерството за внатрешни работи, од каде не соопштуваат повеќе детали бидејќи станува збор за претдкривична постапка.

– По налог на Јавно обвинителство, од страна на Одделот за организиран криминал е постапувано во МНТ. Бидејќи станува збор за преткривична постапка во интерес на истрагата не може да се соопштат повеќе детали, велат од МВР за МИА.

Сомневањата се дека во периодот од 2015 до 2017 година во театарот се извршени злоупотреби од страна на претходното раководство предводено од директорот Дејан Пројковски.

МВР: Во МНТ е влезено по налог на Јавното обвинителство

Од Одделот за организиран криминал постапуваат по пријава на Министерството за култура, откако сегашната в.д. директорка на МНТ Симона Угриновска побарала да се изврши ревизија на работењето на претходниот директор.

Пројковски беше директор на МНТ од 2015-2017, а претходно четири години беше уметнички директор. Сега е вработен како режисер во МНТ.

Екипи од МВР минатата недела зедоа документи од правната служба на најголемата театарска национална куќа МНТ поради сомневање дека во периодот од 2015 до 2017 се вршени незаконски дејства кои го оштетиле буџетот, јави Макфакс .

Инспекторите од одделот за организиран криминал постапуваат по пријавата на Министерството за култура, кое имало индиции дека режисерот и поранешен директор Дејан Пројковски ја злоупотребил службената должност, вршел сомнителни јавни набавки и ненаменски потрошил средства во висина на 150.000 евра.

Под истрага е и наследникот на Пројковски, кој му потпишал решение за вработување и распределба на уште едно работно место, а полицијата ги побарала и тие документи. Решението за работното место режисер, односно распределба што не ги поминала правните регулативи, за Пројковски го потпишал Драган Спасов – Дац.

МВР во моментот ги прибира и ги анализира документите и во интерес на истрагата до првичните сознанија нема да споделува информации со јавноста.