Уште една СКАНДАЛОЗНА одлука на СВАРОВСКИ СУДСТВОТО: Апелација ја отфрли жалбата на СЈО, Горан Грујевски од Шутка оди во домашен притвор!

0
1005

Апелацискиот суд денеска донесе одлука со која како недозволена се отфрла жалбата на СЈО за домашниот притвор на првиот човек на петтата управа Горан Грујевски.

Претходно судија од претходна постапка на Гујевски му одреди притвор од 30 дена, но по жалба на адвокатите Кривичниот совет одлуката ја преиначи на куќен притовр. Потоа СЈО за ваква одлука се жалеше пред апелацискиот суд.

Кривичниот суд соопшти дека ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, уште двајца началници од УБК и еден архивар во среда треба да се појават на распит кај судија на претходна постапка, кој ќе треба да одлучи дали ќе им го одземе пасошот и дали ќе им бидат определени и други мерки на претпазливост.