УШТЕ ЕДНА РАБОТА КОЈА ГРУЈО И ЛОПОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕСАКААТ РАЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ЗНААТ : Откако СВИТКАА околу 8 милиони евриња од граѓаните сега ќе се укинат здравствените книшки!?

0
1892

Дали електронските здравствени картички ќе заминат во историјата или тие и натаму ќе се користат како доказ за платено здравствено осигурување? Ваквото прашање се наметна откако Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) најави дека ќе го осовременува постојниот електронски систем, а во меѓувреме не е распишан нов тендер за изработка на нови здравствени картички.

Хрватската фирма АКД, која имаше свое претставништво во Македонија, според неофицијални извори се спакувала и повеќе нема да работи на овој проект. Зошто не се продолжи договорот со оваа фирма никој не кажува, ниту, пак, зошто не се распиша нов тендер за да се продолжи сервисирањето на постојниот систем на електронската картичка.

„Започнати се активности за осовременување на постојниот систем за електронска здравствена картичка (ЕЗК), меѓутоа со подетални информации јавноста ќе биде запозната кога ќе заврши постапката“, кратко ни објаснија од Фондот за здравствено осигурување. Од оваа институција ниту потврдија, ниту негираат дали повеќе ќе нема здравствени картички. Од Фондот не ни одговорија дали ако се продолжи со користење на картичките, тие и натаму ќе се наплаќаат по 250 денари.

Како што сега стојат работите, повеќе од неизвесно е дали здравствените картички ќе бидат воопшто во функција, или, пак, ќе се бара некое ново решение кое ќе ги замени картичките. Според неофицијални здравствени извори, се размислува пластифицираните картички да се укинат и се бара нова форма која би ги заменила картичките и која би можела да биде бесплатна за граѓаните.

За Фондот, проектот за електронски здравствени картички е заокружен. „Сите граѓани кои до крајот на минатата година побарале ги имаат добиено своите картички, воедно се испечатија нови картички за сите лица на кои годинава им истекуваат старите. Системот на ЕЗК функционира без проблем, а за оние осигуреници кои немаат картички, а се здравствено осигурени, здравствените услуги може да ги добијат со здравствена легитимација“, објаснуваат од Фондот.

Со оглед дека повеќе не се печатат нови картички, се отвора проблем што со новороденчињата или оние кои ќе ги изгубат во меѓувреме картичките, како тие ќе ги користат здравствените услуги. Од Фондот објаснуваат дека децата до три години ќе може да се лекуваат преку електронските картички на своите родители, додека за оние кои ќе ја изгубат картичката, на располагање и натаму им останува здравствената легитимација.

„Во системот ’мое осигурување‘ доволно е да се внесе бројот на здравствената легитимација или матичниот број за да се провери состојбата со платениот здравствен придонес“, укажуваат од Фондот.

Проектот електронска здравствена картичка кој беше најавуван цела деценија беше замислен како интегриран информатички систем во здравството со што картичката требаше комплетно да ја замени легитимацијата и покрај доказ за здравствено осигурување таа требаше да го содржи целото медицинско досие на осигуреникот. Но, овие картички само ги заменија сините здравствени картони, а книшките и натаму се во функција. Проектот се проценуваше на околу 20 милиони евра, а само за изработка на картичките беа наменети 7,5 милиони евра и тие требаа да бидат бесплатни. Преку ноќ беше одлучено дека картичките ќе чинат 250 денари, што значеше нови 7 до 8 милиони евра.

Извор: Утрински