УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ ДЕМАНТИРАНА: Адвокатите на Боки-13 тврдат дека се лаги написите дека кај неговата мајка има докази против Заев!

0
1204

Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро и од тоа што очекувавме, вели за „360 степени“ адвокатот Димитар Савовски, кој е дел од одбраната на Боки 13. Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.

Решението за притвор, одбраната на Боки 13 го оценува како паушално.

Боки 13 е информиран за сите вести поврзани со него и случајот „Рекет“ кои се во фокусот на медиумите. Според неговиот адвокат, апсолутна невистина се написите во српските медиуми дека Боки 13 испратил порака дека “ако нешто му се случи во затвор, доказите против Зоран Заев се кај неговата мајка”.

-Има формално образложение решението за притвор, но паушално и со редовно користена фразеологија. Во однос на доказите врз основа на кои обвинителството бараше притвор, тие не се доволни да создадат основи за сомневање, а камоли основано сомневање за да му се одреди притвор – вели адвокатот Савовски.

Извор : 360 степени