Уште една БОМБА од Богоевски : Касами добил куршум бидејќи барал дел од митото од ,,Телеком” – нарачател Муса Џафери?!

0
1807

Со автомобил на влада поради што немало царинска контрола на преминот Богородица  биле внесувани 7 и пол милиони евра за митото од Маѓар Телеком за исплата на македонски  политичари- ова во сведочењето за њујоршкиот суд детално го опишал екс-разузнавачот Слободан Богоевски повикувајќи се на информации добиени од директни учесници во транспортот на пари.

Bogoevski

 

Парите според Богоевски биле исплатени во три еднакви рати, во мај и во декември 2005-та, а последната исплата била само неколку дена пред  парламентарните избори летото 2006-та кога дојде до смена на власта. Парите од Маѓар Телеком до македонските политичари оделе преку Димитриос Кондоминас, грчки бизнисмен кој веќе 16 години е присутен и на македонско тло познат и како добар партнер на сите влади од ОКТА наваму. Богоевски тврди дека од 10 милиони евра стигнати со авион до Солун, 2 и пол завршиле кај првиот човек на владата, 5 милиони кај функционери на албанската партија во власта, а последната четвртина си ја задржувал Кондоминас.

Во документот на њујоршкиот суд стои дека: парите биле земани во кеш од вилата на Кондоминас во близина на аеродромот во Атина. Ги давала жена во присуство на Кондоминас, а со автомобили кешот бил префрлан до границата. Во меѓузоната ги чекале владини автомобили во кои биле префрлани парите. Бидејќи станувало збор за државни возила без проверка минувале на преминот Богородица. Учествувале блиски соработници на екс премиерот Бучковски, а Слободан Богоевски тврди дека во целата игра бил вклучен и влијателен албански бизнисмен кој во тоа време отвори и национална телевизија во Скопје.

Богоевски пред истражителот на американската комисија Роберт Доџ тврди дека: парите прво биле носени во владата каде третина била оставана на луѓе блиски на тогашниот премиер Бучковски. Остатокот завршувал во куќата на АбдилХалим Касами, тогаш задолжен за финансии во ДУИ, а тие пари според Богоевски завршувале кај првите луѓе на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери. Куќата каде завршувал патот на митото ја имаше на телевизија само неколку недели после последната исплата, тогаш во неа беше застрелан домаќинот Касами кој 6 години подоцна почина од последиците од атентатот.

Богоевски во сведочењето тврди дека причината за атентатот било тоа што Касами во чија куќа доаѓале парите не добил ниту денар па поради тоа што си го барал делот од митото за Телеком добил куршум. Екс разузнавачот тврди дека во разговор со ранетиот Касами било спомнато дека зад атентатот стои Муса Џафери и тогаше и актуелен вицепремиер. Од ДУИ за сведочењето на Богоевски денеска со коментар во медиумите дека всушност се работи за атак на странски служби од соседството за да ја разнебитат партијата и да го тргнат Али Ахмети. Тие како и Бучковски целосно како измислици ги негираа изјавите на Богоевски пред истражителите на њујоршкиот суд и најавија и тужби против него. Од актуелната власт засега никој не реагира и покрај тоа што Богоевски пред Американците ги спомнал и премиерот Никола Груевски и доскорешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков.

За Мијалков Богоевски тврдел дека во солунскиот хотел Кемпински му барал пари на Кондоминас за да се сопре истрагата против директори на Телеком. Богоевски тврди дека документите за митото ги имал и премиерот Груевски.Македонското обвинителство досега постојано се изјаснуваше дека нема доволно докази за да гони некој функционер за митото од Телеком.

Извор : Телма