Уште еден доказ дека Грујо е пропали економиста кој освен од претурање од шупло во празно, и обратно, од празно во шупло нема поим: На Македонија ќе и бидат потребни најмалку 30 години за да го достигне стандардот на ЕУ !

0
1138

B15C72D8-7813-4D05-B094-77AC2EA390E9_w640_r1_s

На Македонија ќе и бидат потребни најмалку 30 години за да го достигне стандардот на ЕУ и тоа само ако остварува раст од 4,5 проценти, а Унијата само од 0,5 отсто, според прогнозата на Светска банка и извештајот за скорешните економски случувања во Југоисточна Европа. Светска банка за годинава на Македонија и предвидува 3,2 проценти економски раст. Во извештајот е наведено дека економскиот раст во регионот забрзува, но во земјава забавил и секторите кои најмногу придонеле за БДП се трговијата, транспортот и градежништвото, додека индустријата бележи застој, пишува Радио Слободна Европа.

Владата најмногу троши на плати, пензии, здравствена заштита и други трансфери, а многу малку на капитални инвестиции. Јавниот долг се очекува да се зголемува во иднина поради високиот фискален дефицит. Во однос на задолжувањата, в.д. директорот на Светска банка, Горан Тиниќ вели дека, иако Македонија е ниско задолжена земја, во иднина треба да се биде внимателен кога е во прашање задолжувањето.

„Повторно се поставува истото прашање, односно не дали, туку зошто се задолжувате. Кој е квалитетот на тие задолжувања? Доколку некоја земја се задолжува за да отвори нови работни места и да го зголеми економскиот раст и развој, тоа е продуктивно. Доколку државата се задолжува за плати во јавниот сектор, тоа секако не е продуктивно и го продлабочува јазот на фискалната ефикасност на секоја земја“, вели Тиниќ.

Во однос на кризата со мигрантите, тој додава дека затворањето на границите секако има влијание врз економијата во Југоисточна Европа.