УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ ЗА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ, ЖУТИТЕ СИ ЈА ЗАВРШИЈА РАБОТАТА ПОШТЕНО : Од Скопје до Штип конечно по автопат за 40 минути со огромна финансиска заштеда на народни пари!

0
1192

Од Скопје до Штип за половина час! Она што со години беше најава, конечно станува реалност. По пет години од стартот на градежните активности на автопатската делница кон истокот, проектот Миладиновци-Штип е готов и деновиве официјално ќе се пушти во употреба:

„Она што требаше да се сработи со кинеската компанија ‘Синохидро’ е готово и заврши во декември. Во тек се работите околу правењето на пристапните патишта што се прави со пари на Јавното претпријатие за државни патишта за да може сите населени места да се приклучат на автопатот. Ова не беше дел од кредитот и проектот со Синохидро. Тоа воопшто не било ни размислувано како ќе се случи. Сега и тоа е речиси завршено, така што автопатот ќе го пуштиме неделава“, изјави за Дојче веле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека ги обезбедиле потребните дозволи од надлежните институции за пуштање во употреба на делницата во должина од 46 километри. Задоволни се што во целиот процес се остварени и заштеди:

„Сѐ е завршено, во МВР е потпишано сообраќајното решение, бидејќи така е редот. Прво надзорот прави техничка документација, па МВР со сообраќајното решение и потоа од надзорот се дава употребната дозвола. Во делот на финансирањето е важно што од претходно планираното имаме заштеда од околу 40 милиони евра. Патот требаше да чини околу 220 милиони евра, но сега тоа ќе изнесува помалку. Точната сума ќе се знае деновиве“, вели за Дојче веле првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.

Дополнително што треба да се сработи и што ќе чини плус финансиски средства е завршувањето на пристапните патишта и изградбата на двете патарини:

„Има работи коишто ги немаше во проектот, а коишто мораше да се прават. За патарините имале предвидено дека ќе се градат две, но ние ниту наследивме дозвола ниту проект. Во меѓувреме годинава се направени проекти, извршена е експропријација и извадивме дозвола за градба и патарините ќе почнат да се градат. Проектот ќе оди преку Европската банка за обнова и развој и подготовките веќе се во тек. Но сега во предизборен период не можеме да одиме со тендерска постапка, така што во јуни ќе отпочне тој дел од градбата. Во меѓувреме ќе се чисти теренот и на тој дел кај што ќе се градат патарините ќе има времен режим на сообраќај. Генерално со сите патчиња, сѐ ќе биде завршено некаде во мај. Но тоа не пречи на сообраќајот на автопатот во меѓувреме нормално да функционира“, објаснува Китанов.

Автопатот Миладиновци-Штип стартуваше во 2014 година, во пакет со оној од Кичево до Охрид. Пет години подоцна, источната делница е готова, но онаа западната сѐ уште е заглавена во делот на техничките процедури. По промената на власта, двата проекта запреа откако беа констатирани сериозни технички пропусти во планирањето и проектирањето. Проблемите на Миладиновци-Штип се испеглаа, но кон Охрид се уште работите се на стенд бај:

„За автопатот кон Охрид чекаме да се продолжи кредитот. Техничките проблеми се решени, постигнавме договор и таму направивме заштеди од 92 милиони евра затоа што се намалија цените. Законот за договорот за задолжување од Ексим, кинеската банка, истече во јануари и сега чекаме тој да се пролонгира за да можат да продолжат активностите. Работата е во кинеската влада и таа треба да даде дозвола за кредитот да биде пролонгиран. Во кредитот има средства кои не се потрошени, но имаше рок до кога тие треба да се влечат. Рокот беше до јануари и сега очекуваме тој да се продолжи. Проблемите се решени и очекувам до крајот на месецов да се реши сѐ и веќе од април да имаме интензивно градење на терен. Според планот, сѐ треба да се заврши до 2021 година“, објаснува вицепремиерот Анѓушев.

Од првиот автопат на истокот од земјата, огромен бенефит ќе има бизнисот, како и целата економија во државата. Ќе се овозможи брза комуникација и увоз на сите производи од источните делови. Ќе се зголеми конкурентноста, како и туризмот во овој регион.

Паралелно надлежните велат дека се работи интензивно и на останатиот дел од патната инфраструктура. Од денеска, понеделник, според најавите треба да започне проектот за рехабилитација на 16 патишта низ државата. Дополнително, до крајот на март ќе биде започната реконструкција и рехабилитација на околу 40 патни правци.

„Имаме обемна програма за овој период. Градиме и четири нови мостови, а во тек е реконструкција на уште 12 мостови. Едната од ни е доста голема и чини околу два и пол милиони евра. Станува збор за рехабилитација на мостот од Куманово кон Свети Николе, кој е најголемиот во државата“, објаснува Китанов.

Според владините најави, годинава треба да биде во знакот на патната инфраструктура. Вкупно за доизградба, модернизација и рехабилитација на патиштата низ државата, според проценките, ќе се потрошат 1 милијарда и 270 милиони евра.