Утре попладне се очекува невреме, в петок ветер со 90 километри на час

0
1165

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне пак, ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и со умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат поинтензивни и изразени во форма на невреме, соопшти УХМР.

Максималната температура ќе се движи од 27 до 36 степени, а вредност на УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје претпладне ќе сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер. Во текот на нќта можно е процесите да бидат поинтензивни. Температурите ќе достигне максимални  32 степена.

В петок ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 километри на час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.