Утре конечно договор за изборните закони?

0
1041

referendum_glasa_k_617987S1

Политичките партии и вчера не постигнаа напредок околу прашањата поврзани со изборните закони. По средбите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте со претставници на политичките партии меѓу кои и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев немало приближување на ставовите, дознава „Мета“. Поради тоа Ван Хојте им дал уште еден ден рок да изнајдат напори и конечно да се постигне договор.

Дознаваме дека утре новиот прочистен од забелешките на политичките партии изборен закон подготвен од експерти од ЕУ ќе се најде на маса на работните групи. Тие ќе треба да го дадат последниот збор по што би требало тој да биде аминуван од политичките партии потписнички на договорот од Пржино.