Утврден редоследот на гласачкото ливче за изборите на 11. декември: Бројот 4 ќе го смачка Грујо и неговиот БАМБУЧА режим!

0
1358

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со жребување го одреди редоследот на гласачкото ливче за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Под реден број еден на избирачкото ливче е Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, под редниот број два е Демократската партија на Албанците (ДПА), тројка е Демократската унија за интеграција (ДУИ) и редниот број четири го извлече Коалицијата предводена од СДСМ.

Под број пет на избирачкото ливче ќе биде Коалицијата „За промени и правда-ФРОДЕМ“, ДЕМОС, ДС, МОРО-РП, шеста ќе биде Партијата за демократски просперитет (ПДП), седма Коалицијата „Алијанса за Албанците“, осма Либералната партија, деветта ВМРО-За Македонија, десетта на избирачкото ливче ќе биде Движење БЕСА и 11 политичката партија Левица.

Под овие броеви коалициите и политичките партии ќе настапуваат во сите изборни единици.

На жребувањето можност први да влечат бројче за гласачкото ливче имаа овластените претставници на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, со што имаа можност да ги добијат броевите од еден до четири, а потоа останатите од втората група вршеа жребување за броевите од шест до 11.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски најави дека во недела коалициите и политичките партии кои ќе учествуваат на изборите треба да потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Изборната кампања за предвремените парламентарни избори започнува во понеделник 21 ноември и ќе трае до 9 декември 2016 година на полноќ.