Уставниот суд не ферма жива сила: во среда ќе го укинува законот за помилување

0
1075

Уставниот суд во среда ќе гласа за одлуката за укинување на законот за помилување со кој, наводно му се ограничуваат правата на претседателот и тој не може да помилува осудени за изборни инциденти, педофили, терористи.

Одлуката попладнево беше е објавена на веб сајтот на Уставниот суд.

Вчера самите судии (петте кои како мнозинство гласаа за укинување) објавија дека ќе барале мислење од Собранието, но по денешното ставање на точката на дневен ред, останува да објаснат дали експресно, со авион го добиле мислењето, и како ќе стигне судиата да изготви реферат до среда.

ustaven odluka

Во брзањето, судиите не ги спречи ни денешната остра реакција на ЕУ.

Европската унија реагира на инцијатива на Уставниот суд за помилувањето и смета дека неговата иницијатива за помилување е спротивна на одлуките на Собранието и политичките партии и ги минира напорите на ЕУ и САД за кредибилни избори.

Според портпаролот на комесарот Јоханес Хан, секоја сугестија за неказнивост во однос на изборните злоупотреби ќе бидат контрапродуктивни за напорите на меѓународната заедница која сака да се создадат услови за кредибилни избори.

“Во однос на влијанието што тоа би можело да го има на предвремените парламентарни избори, како што предвидува договорот од Пржино, нивната цел е да бидат клучен чекор во реформскиот процес кој ќе ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес и ќе и помогне на земјата да ја надмине политичката криза”, вели Маја Коцијанчич во име на ЕУ.

Според ЕУ ”секоја акција која е спротивна на оваа цел мора да биде избегната. Секоја сугестија за неказнивост во врска со злоупотребите врзани со изборниот процес се контрапродиктивни за напорите кои меѓународната заедница ги инвестираше во земјата за воспоставување на услови за кредибилни избори и обидите да се врати довербата на граѓаните во изборниот процес”.

Вакви акции се исто така спротивни на одлуките на Собранието и на сите политички партии за креирање на Специјално обвинителство кое треба да ги истражи сомнежите вклучително и злоупотребите на претходните избори.

За донесување на одлуката гласаа: Елена Гошева, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и и Владо Стојановски.

Одлуката предизвика серија протести и реакции од нај авторитетните луѓе во македонскиот правен систем.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ