Уписи за Нова Група Зумба Фитнес во KaDance!

0
1399

Термини : Вторник и Четврток од 21:30-22:30. Групата стартува на 16.01.2018, Вторник.
Инструктор : Katerina Stojkovska

Катерина Стојковска професионално се занимава со танцување уште од нејзина 9 годишна возраст и е девојка која со својата позитивна енергија ја шири заразата на зумбата и танцот. Катерина е светски лиценциран зумба инструктор и повеќекратен државен првак во латино американски и стандардни танци со долгогодишно искуство. Нејзините часови се весели, разиграни и незаборавни исполнети со позитивна енергија. Уверете се и самите и придружете ни се.

За зумбата :
Зумба фитнес претстевува програма на аеробични вежби каде се вклучени елементи на танцувања ( Samba, Cumbia, Salsa, Kizomba, Merengue, Mambo, Flamenco, Cha cha, Reggaeton, Belly Dance, Hip Hop, Tango…) т.е. се комбинираат основни танц чекори со цел да се направи вежбањето забавно. Зумбата ги раздвижува сите мускули на телото, ги затегнува, добивате чувство на среќа, задоволство и ќе забележите значително подобрување на координацијата на телото.Сите може да посетуваат часови по зумба и не се потребни посебни предиспозиции зашто дури и оние што немаат осет за ритам, се вклопуваат по третиот или четвртиот тренинг.

Промените ќе ги забележите веднаш, бидејќи комбинацијата од овие ритмови пренесува позитивна енергија. Покрај тоа што зумбата со ерупција на адреналинот согорува калории и ја обновува енергијата, учењето на нови танчарски движења претставува голем предизвик, па оние што еднаш одат на час, остануваат верни на овој вид на рекреација цел живот.

Пријавувње во инбокс на фб или на 070/66 94 66.