УНИТЕТИ: Одлуката на Иванов води кон целосен хаос и исклучување на правниот поредок

0
984

УНИТЕТИ остро реагира на одлуката на Претседателот на државата Ѓорги Иванов за аболиција на сите политички структури кои се осомничени, под истрага или кои се уапсени заради прекршување на Уставот и законите, изборна кражба, злоупотреба на власта, финансиски малверзации, дискриминација на граѓани само поради нивната етничка, партиска и друга припадност, монтирајќи и тешки случаји, апсејќи ги, па дури и убивајќи ги.

„Со овој чин длабоката политичка криза има опасност да се слéé во нашата држава кон целосен хаос и кон исклучување на правниот поредок во целина. По денешниот ден нема ниту една причина да другите граѓани останат во затворите низ државата.

УНИТЕТИ ги повикува Европската Унија и Соединетите Американски Држави итно да се вклучат и да спречат ситуацијата да ескалира во нашата држава. Ги повикуваме граѓаните, без разлика на нивната етничка и партиска припадност, да ја сочуваат ладнокрвноста и на демократски и цивилизиран начин да кажат „Не„ на уривањето на демократијата и на нашата држава“, стои во реакцијата на партијата.