Универзитетот „Гоце Делчев“ донираше 25 тони пакувана вода

0
854

Универзитетот „Гоце Делчев“ соопшти дека донирал околу 25 тони пакувана вода за поплавените подрачја во Скопје.

Од Универзитетот информираат дека се приклучиле во хуманитарните активности со цел помош на граѓаните кои се погодени во невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.

Еден шлепер со околу 25 тони вода е испратен од страна на Универзитетот до граѓаните на овие места. УГД воедно изразува сочувство до семејствата на загинатите и настраданите во невремето и упатува апел до сите граѓани колку што можат да се вклучат во помошта на своите сограѓани за што е можно поскоро да се врати нормалното живеење во погодените подрачја, стои во соопштението.