Убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов повторно на распит во СЈО

0
1198

Игор Спасов, поранешниот полицаец осуден за убиство на Мартин Нешковски, утринава под силно полициски обезбедување е донесен на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Станува збор за трет по ред распит на овој поранешен полицаец кој веќе ја отслужува казната во затворот „Идризово“.

Мартин Нешковски беше убиен вечерта на 5 јуни 2011 година, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на тогашните парламентарни избори.