Уапсен Тони Трајковски, едно од лицата кои го влечеа Зијадин Села низ собраниските ходници

0
4619

Идентификувани се лицата кои на ексклузивната снимка што ја обезбеди Алсат М се гледаа како го влечат претепаниот лидер на ДР – ДПА, Зијадин Села. Станува збор за Тони Трајковски од Куманово и Кире Ѓорѓиевски од Скопје, кој на објавеното видео се гледа како се гордее со неговото дело.

Ѓорѓиевски е поранешен припадник на паравоена формација во 2001 година, вработен во ЕЛЕМ, а е познат како близок човек на Никола Груевски и на директорот на Државниот архив, Филип Петровски. Постојат сомнежи дека истиот е зависник од дрога. Вчера, по неговата идентификација, тој од Фејсбук ги избриша сите податоци.

Од МВР не потврдуваат дали Трајковски и Ѓорѓиевски се приведени и додаваат дека се работи на идентификување и на други лица кои беа дел од бруталното насилство. Другиот осомничен, Ацо Тошта е виден како се шета слободен низ градот.Toni

Анализирајќи го објавеното видео од професионален аспект, правниците заклучуваат дека мисијата на лицата кои се гледаат на снимката е ликвидација на Села. Професорот Башким Селмани смета дека на овие лица треба да им се суди за делото обид за убиство.

„Од ова произлегуваат неколку кривични дела. Прво, ова било смислено, добро организирано и целта на одредени лица биле лица кои имаат имунитет. Кривичната одговорност во овој случај може да се квалификува врз основа на материјални докази кои ги виде и јавноста“, оценува Селмани.

Според Селмани, нивните дела се потврдуваат и од тоа што насилниците не беа демонстранти, туку луѓе со мисија или во криминалистиката познати како јавни платеници.

„Во овој случај нема сомнение дека одредени лица од надвор извршиле дела одредени од вон институционални цели, но верувам дека вистинска истрага ќе открие се, бидејќи во правото ние велиме дека нема криминал без траги“, додава Селмани.

Вчера Алсат М објави ексклузивна видео снимка на која горенаведените лица се гледаат како насилно го влечат тешко повредениот Села. Алсат М донесе и ексклузивна исповед на човекот кој го спасил лидерот на ДР – ДП . Додека трае истрагата и се зголемува бројот на осомничени лица, внатрешната контрола во МВР почна истрага за утврдување на вмешаност на агенти на УБК во делото, кои според извори на Алсат М, се обиделе да ги избришат снимките од безбедносните камери, но не успеале.

Извор : АлсатМ