Уапсен Сулејман Османи кој побегна по акцијата во Куманово

0
994

МВР доби известување од косовската полиција дека вчера во село Летниче кај Витина е уапсен Сулејман Османи од селото Бреза, осомничен за учество во настаните во Куманово во мај, а кој и побегна на полицијата кога им го пакажувал местото каде што било скриено оружјето.

apsewe kumaniovo(1)

Од МВР потврдија дека косовската полиција постапила по меѓународна потерницата издадена од Македонија, а веќе е потврден и идентитетот на лицето.

Според косовската полиција, како што објавија косовските медиуми, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.

Портпаролот на косовската полиција Баки Келани информира дека кај него е пронајден и е одземен и пиштол со муниција, а целата акција полицијата ја спровела во координација со надлежен јавен обвинител.