Уапсен претседателот на Кумановскиот суд!

0
1043

муса-сулејмани

Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен на своето работно место. Специјалните единици за организиран криминал, го уапсиле Сулејмани околу 13.30 часот, јави порталот Кумановоњуз.

Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлстување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор, -велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.