Турските инвеститори го усреќија прво Орце Камче

0
1067

Владата наголемо ја најавува огромната турска инвестиција „Веибо-груп“ која во идната индустриска зона во Ранковци ќе ја изгради најголемата интегрирана фабрика за текстил во Европа. Во Македонија, „Веибо Гармент продакшн Македонија“ е името на компанијата основана од две фирми кои се поврзуваат со бизнисменот Јордан Камчев, за потоа да биде преземена од „Веибо груп Маседонија АД“, пишува Кристина Озимец во истражувачка сторија за НОВА.

veibo

Општината Ранковце, која се наоѓа пред Крива Паланка, е позната по природните убавини и по реките кои извираат од Герман и од Осоговските планини. Туристите уживаат во зеленилото, јадат од прочуената риба во Гиновци и се фотографираат пред манастирот „Св. Јоаким Осоговски“. Македонците често одат во паланечко за да најдат автомобил на бројните автоплацови, каде за две до три илјади евра може да пазарат солидно возило од Италија.

Но, освен по убавата природа и по половните автомобили, наскоро регионот треба да стане познат и по големата странска инвестиција на турската компанија „Веибо груп“.

Целата сторија може да ја прочитате ОВДЕ