ТРУСТ : На криминалните бизниси помеѓу Sинго и Грујо им дојде крај – Второсомничен за криминалот од над 17 милиони евра е Василије Авировиќ од „Силекс“, син на пратеничката од социјалистичката партија Владанка Авировиќ!

0
3557

Сопственикот на фирмата „Транс Мет“, Сеад Кочан, е првоосомничен во најновиот случај „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Втор и трет осомничени се директорот на „Силекс неметали“ Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ.

Вториот осомничен, Василије Авировиќ, кој е син на пратеничката Владанка Авировиќ, од социјалистичката партија на Љубисав Иванов Ѕинго Тој се товари дека направил фалсификувани документи дека „Силекс неметали“ поседува градежна механизација и товарни возила за транспорт, како и лажни документи за кадровска екипираност.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.