ТРТ-МРТ, ДРН-МРН, КУР СЕ ТРЕСЕ ВО ЛАДНА ВОДА: Еве како пицајзла како Боцевски би ја опишала моменталната политичка ситуација во земјава!

0
1798

Еве како Боцевски маестрално у негов стил во својата колумна во Нова Македонија ја опиша моменталната политичка ситуација во земјава (приметете колку пати се употребени зборовите наводно, демек, според нив, тие тврдат, таканаречени итн итн):

Демек, тоа била „волшебната формула“ за надминување на домашната политичка ситуација, која е предизвикана од неприсуството на пратениците на СДСМ во македонското собрание.

Според нив, изборите од 2014 година биле нелегитимни, па затоа тие бараат „техничка“ или „преодна влада“, со ограничен мандат, но неограничен рок на траење, која ќе организира нови парламентарни избори. Порадикалните кругови во СДСМ излегуваат и со барања за чистка во судството и администрацијата, нови локални и претседателски избори, па дури и да се ставело решавањето за прашањето за името во „мандатот“ на „техничката“ или на „преодната“ влада. Притоа, тоа што СДСМ го нарекува „бојкот“ на парламентот е всушност неприсуство на седниците на Собранието и на неговите тела, затоа што бојкотот не се однесува и на платите, дипломатските пасоши, но и преостанатите придобивки што произлегуваат од пратеничкиот статус.

Ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ е дека ништо посебно не се случува. Нештата дополнително се згуснаа со лансирањето на аферата „Пуч“, односно активирањето на таканаречените „бомби“ на Заев. Веќе во неколку наврати тој прикажува аудиоснимки од наводни разговори помеѓу високи владини функционери, кои, според него, ја злоупотребуваат службената должност. Целта на Заев, нормално, е да го еродира целосно легитимитетот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме си течат роковите за судскиот процес врзан со аудиоснимките, преку кој целосно ќе се расветлат сите детали околу нив. Ете, тука некаде се наоѓаме во овој момент.

Приметете како Боцевски раскажува како да е амбасадор на Данска а не политички аналитичар. Тој ем се дистанцира ем релативизира ем се поставува како неутралка. Демек едните викаат вака едните така а како е кој знае, ваљда негде на средина. Замислете Боцето нема никаков став за она што се слуша на снимките а можеме да чуеме дека државата е во целосен распад а премирот и миниситрите се криминалци на кои нарко дилерите во Идризово можат да им позавидат. Се договараат милионски рекети, се кршат закони, се девалвира судство, обвинителство, медиуми и парламент, се е растурено и раштрафено, а Боцевски сега нешто ни објаснува како ние сега да сме се разбудиле од кома па тој треба да не воведе во реалноста?! Боце бе  дај бре барем при крајот спаси малце од образот бре ало бре?!