Трпкова: Катица го извади сето ѓубре од народните претставници на куп

0
1938

Одамна кога ја напаѓавте Катица за чипката и за насмевката и за изгледот и за немање капацитет прво што ми паѓаше на памет беше – овие нормални се, имаат памет што зборат, знаат со кого делат воздух и во каков ѓерис живеат!? Па ако не бивало и ако навистина сме имале високи критериуми и вкусови зошто би ни требало СЈО!? Оти сме биле толку умни и оти се сме знаеле, сега Катица ни ја спасува честа и правдата, на сите, до еден.

И сега во најтешките моменти и прекршувања конечно станува се транспарентно. Како на дланка се гледаат вистинските намери на секој од нас. Катица го извади скриеното на ачик. Таа го извади сето ѓубре од народните претставници на куп. И она што претходеше во МРТВ беше одамна испланирано и наместено од ДПМНЕ. Тие се мајстори за гнасни кампањи. Но можеби сето ова ќе има и корисна страна.

Сега останува да видиме дали имаме или немаме капацитет да препознаеме зло од добро. Дали заслужуваме или не држава. Катице, ти посакувам да бидеш здрава и те поддржувам во секој изречен збор против криминалот и мафијата!

 Фејсбук статус на Синоличка Трпкова