Тројца малолетници се затруле од енергетски пијалак

0
1041

Тројца малолетници од Скопје, се затруле од енергетски пијалак што го купиле во Радишани.

Како што соопшти полицијата, вчера во 17.01 часот во ЕИК Скопје, од Детска клиника при Клинички центар „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив биле донесени тројца малолетници, две на возраст од 12 и едно на возраст од 11 години, од Скопје, кои биле затруени од енергетски пијалак „Симбо“, купен во трговскиот комплекс „Радишани“.

Со возило на Итна медицинска помош децата биле пренесени во Детската клиника, каде било констатирано труење. За настанот биле известени ОМД  Чаир и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.