ТРИЧКО МУ ГО РАСПЛАКА МАЈЧЕТО НА ГЕРОТА И МИЛЧИН : Aнтидржавните елементи во ликот на бандата од плоштадот вмро и нејзините уметнички подржувачи од страната на затвореното општество на разочараните песови на слободата модерноста и нормалноста, добија неверојатен аперкат од кој тешко ќе се опорават!

0
1792

Ова е како Питу да го победил Бахтијар!

Пишува: Бранко Тричковски

Во специјалната војна на вмронската и московска кембриџ аналитика, базирана на малограѓанските страсти на нацијата по форматот на турските серии (рекет), луѓето почнаа да очекуваат дека државата ќе падне во секој следен кадар, сите беа дотерани да веруваат дека не ја бива и не може да ја биде, таква беше и се уште е таква смртоносната хистерија.
Ставен во тој алгоритам, Македонецот се однесуваше како тетка која чека таткото да го среди неверното момче на својата ќерка и целото негово село да го претвори во дно на новото езеро на Историјата.
На сопствената смрт односно на изгледите за сопствена смрт, луѓето гледаа како на претстава во која нив ги играат други лица, власта итн., а државата умира на сцената во која зјапаат. Државата што не ја бива, а не државата како таква.
Неверојатна психоза и шизофренија.

Но, што!?
Празнувањето на Илинден ја покажа таа умирачка држава како изненадувачки строга, стегната, концентрирана, оптимистична категорија, а говњарите што мислеа дека на Мечкин камен ќе падне како што Републиката на Питу падна пред Бахтијар паша, останаа со прстот в уста и стапот во газот, без зборови, запелтечени во говор без резонанци, дури и во увото на хидроцентралистот како главен говорник. Кој на сцената се појави како да го симнале од лиењето на бетонската плоча на сто и првиот кат на баба му!
Неверојатно одвратно суштество!

Јас, се разбира, не ги делам концептите на тоа колективистичко парадирање, но тоа не ми пречи да утврдам дека антидржавните елементи во ликот на бандата од плоштадот вмро и нејзините уметнички подржувачи од страната на затвореното општество на разочараните песови на слободата модерноста и нормалноста, добија неверојатен аперкат од кој тешко ќе се опорават.
Дури сум сигурен дека на патот до болницата ќе умрат.
Многу сум среќен абаут дет.
Испадна како Питу од 2019 да ги победил бахтијарите од 2019!

Да го викнеше власта Брус Спрингстин на Каменот на мечката, како што предлагаше мојата маленкост или Ван Бурен, како што предлагаше Даме Чкатроски, работата веќе ќе беше завршена, но и вака не гледам никакви шанси за двоецот Мицковски-Милчин. Добро, Геронимо продолжува да лае, таа службена џукела нон-стоп врти со опашот и покажува во која грмушка се крие зајакот на поразот, но тој за темава за која расправаме, е тоа што за Малнар беа шутирачките мачки од неговиот двор на Пешченица.

Целата таа пучистичка машинерија остана без гориво, трокира, потскокнува на патот. Рекет се претвори во банална приказна која на крајот ќе се јави како аргумент на одбраната на осомничените, со неверојатно достоинственото држење, Заев ја префрли паниката што беше наменета за неговиот карактер, во лицата на пучистите, патриотските тиради за распродажбата на историјата и на националните интереси (Ќулафкова, Милчин, Мицковски, еден и два) за пљачката, се претворија во тешки и непоправливи самодисквалификации, главниот напад врз датумот на преговорите по цена на најглупантропско шминкање на државата во неверојатна грозотија, им се враќа од меѓународните инстанци како најсрамна работа, стопанството оди напред, џидипито рсте, инвестициите растат, платите растат, судството се оправа, Кочан отиде затвор, Превара се уште не е, но и тој ќе отиде, предметите против вмро и бандата, одат во понатамошна процедура, се градат улици, тротоари, игралишта, патишта, безбедносната сутуација е на многу високо ниво, повисоко отколку во Америка и Британија заедно.

Бизнис заедницата и академската заедница, со сите резерви што ги имаме кон нив, појасно ќе ја дефинираат својата заложба за стабилност и мир, а против хаосот и анархијата, самите вморони ќе го согледаат и сфатат смртоносното лидерство на хидроцентралистичката будала и ќе побараат друго решение.
И сето тоа низ една отвореност. Дури, би рекол и на една неподнослива оголеност пред агресијата на социјалните мрежи, без криење и забошотување, без негирање уште помалку без аболиција на криминалот.
Ќе испадне дека јас сум бил во право кога тврдев дека Заев ќе остане до 2028
Најмалку.
Хахаха!

Пет шестини од пучистите кои му се придружија на злосторничкото здружување на вмро-дпмне, во најодвратната кампања против државата, се опортунисти. Тие ќе почнат да се враќаат на вистинскиот пат оној момент кога ќе почувствуваат дека тој е вистински, не во вредносна смисла, туку во смисла на победата. Тоа е тој говњарски карактер. Но, океј, сега го имаат тој сигнал и јас верувам дека нивниот користољубив инстинкт непогрешливо ќе препознае дека секоја близина со скотот каков што е Мицковски и со злосторничка структура каква што е вмро, е опасна работа, не за државата, туку за нив.
Не очекуваат подобри денови, драги мои. Државата е спречена во уште еден обид да се самоубие со помош на слепите црева во својот организам.

Немам никакви намери да ја воспевам власта. Во нејзините политики и практики лежат милион свињарии. Но, тоа е врв на политичката реализација на луѓето на овие простори над сите нивни заслуги и казни. Заразен пример за околината. Што е и еден од проблемите на Заев. Звучи малку откачено, но, пак ќе речам, власта, ваква каква што ја имаме, е нашиот сојузник во битката за мир, правда и благонадежна иднина. Особено на ориентацијата да изградиме општество и систем во кој нејзината смена ќе биде дел од нормалноста. Тоа што денеска не е!

(Бесплатна колумна)