Тричко : Изјавата на Заев е историска, а репликите на Милчин, Ивор и Божин, водат кон тоа Македонија да заврши како онаа када на дното на Охридското езеро

0
1387

Одмаздата на лагата

Само во Македонија може да се случи некој да полемизира или да напаѓа друг човек така што ќе ги потврдува ствовите на нападнатиот. Како што вчера или денеска, не сум сигурен, направи Милчин по повод ставовите на Заев дека Македонија имала обичај, или така некако, да краде од крвавиот и, во основа, велеглупантропски казан на балканска историја.

Милчин, како и Ивор, а на еден малку поинакив начин и Божин Павловски, не велат дека не сме краделе, туку дека тоа што и сите други краделе ја оневинува нацијата, а морално, најмалку, го стигматизира премиерот, особено преку фактот дека таа “велепредавничка” реченица ја рекол за некоја странска (грчка) телевизија или весник, не е важно.
Во право се и смешните мускетари на македонскиот патриотизам и премиерот. Сите краделе!
Да, но има ли некаква разлика имеѓу “сите” и “ние”!?

Има!
Другите, можеби не сите, живеат со украденото, понекогаш тоа им и помага да опстојуваат, додека, пак, кај Македонците и Македонија, украденото, поточно, позајменото и извртеното, се јавува како јаже за бесење, со тоа што Историјата им остава многу малку време пред да им го бутне столчето на кое стојат исправени.
Нашата кражба е единствена, непофторлива и смртоносна: Ние сме решиле да се конституираме, значи не да се китиме, туку да се легитимираме, низ парчиња од бугарската историја така што на битките и политиките за географската одредница Македонија, без да прашаме за дозвола, хахаха, сме и ставиле национални квалитети и димензии.

По налог на комунистичките власти, во нивниот епски обид, успешен, бај д уеј, да конституираат македонска нација од ништото во рамките на територијата што ја беа ослободиле во рамките на општите движења во тоа време. Со се сите луѓе, организации и други структури кои во тие случувања учествувале од крајот на предминатиот век (1893), до државните удари во режија на вмро-дпмне во Република Македонија и, еве, сега, во Република Северна Македонија, како одмазда за кривиот пат, односно за злото какво што во реалната димензија тие ја гледаат нацијата и државата Македонија. Драмата низ која минуваме е последица на политичката концептуализација на лажниот мит за вмро. Но Милчин Божин и другите бараат до последната капка крв и смисла да тврдиме дека сите сме вмро.

Јебало их вмро.

Тоа е како Украинците да тврдат дека центарот на силите за реинтеграција на Крим, е во Москва, веднаш до канцеларијата на Путин, или дека Каталонците ги учат децата дека проектот за нивната независност е дело на царот во Мадрид.
Бугарија и денеска не сака да признае некаква македонска национална идеја и историја пред 1941 година, а ние тврдиме дека пред 120 години, под џамот на бугарскиот цар, Гоце, Даме, Јане, Ѓорче, Борче и другите се организирале “за национално ослободување на Македонија”. Па уште дека противници им биле единиците и структурите на царот, таканарелените врховисти.

Тоа можеше да функционира во рамките на една геополитикчка конфигурација на поделениот свет и на Југославија како контекст во кој таквата македонска национална конституција беше можна, но во слободниот свет или во светот кој се смета за слободен, тоа просто не врви и јажето врз вратот на Македонецот се повеќе се стега.

Затоа сметам дека изјавата на Заев е историска, а репликите на Милчин, Ивор и Божин, водат кон тоа Македонија да заврши како онаа када на дното на Охридското езеро. Со најдобри желби, се разбира, во тоа не се сомневам. Исто како што беше глупавата расправа за одбрана на името. Македонскиот опстанок не е во одбраната туку во нападот на новите вредности и стандарди. Затоа е многу важно, исклучително важно, би рекол, да имаме луѓе на одговорни позиции кои кон вакви теми ќе се однесуваат така како што се однесува Заев. И да почнеме да се дистанцираме од ставовите какви што во оваа расправа затапуваат Милчин и друштвото.

Фејсбук пост на Бранко Тричковски