ТРАЈЧЕ НЕМА КАДЕ ДА БЕГА, ЌЕ СИ ЛЕЖИ ВО ШУТКА : ВЕЧЕРВА ЗАКАЖАНА СЕДНИЦА ЗА НЕГОВИОТ ИМУНИТЕТ

0
1488

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за во 21.00 часот ја закажа пленарната седница за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен претседател, Трајко Вељаноски.

Вечерва на полноќ истекува рокот на законодавниот дом по кој треба да се произнесе на судското барање за Вељаноски, затоа што без мислење од Собранието не може да почне неговиот распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи Вељаноски дека е еден од организаторите за „крвавиот четврток“.  За Вељаноски обвинителството бара притвор.