Трајанов: Украдените пари ќе бидат вратени не во Буџетот , туку по 3.000 евра на секој граѓанин

0
1221

„Од лице место на најконтроверзниот и криминален проект Скопје, објавувам дека целосно ќе го имплементираме проектот ДЕКРИ со кој ќе обезбедиме систем за над шест милијарди евра, украдени од функционери, да бидат вратени на граѓаните. Тие милијарди низ судска постапка ќе бидат конфискувани и вратени директно на граѓаните. Не во  Буџетот на државата, туку по 3.000 евра на секој граѓанин“, изјави денеска Павле Трајанов од Коалиција за Промени и Правда носител на ИЕ1.

Коалицијата за Промени и Правда ја презентира својата програма, со која се предвидува гасификација на Македонија, како битен предуслов за заштита на шумите и намалување загадувањето. Тие известија дека ќе бараат одговорност  од поранешниот премиер Никола Груевски за изградбата Сончев Град на Водно.

„Направена деградација на Водно, уништен е шумски фонд и се случуваат огромни разорувања и ерозија каде што поминува патот, при што потпорните ѕидови попуштиле и  не е направена огромна штета.Ова е класичен пример на самоволие, ароганција и алчност. Да се потрошат десетици милиони евра за да оствари профит странска компанија и притоа да се уништат “Белите дробови” на Скопје е злосторство спрема сопствениот народ и анти граѓанска зделка за која мора да има одговорност“, изјави Павле Трајанов.

Весна Стоименовска, носител на третата изборна единица зборуваше за економската програма при што нагласи дека ќе обезбедат 2% од Буџетот за проекти за вработување на младите .

„Предвидуваме отворање на над 30.000 мали фирми во кои ќе се вработат од 3 до 5 млади и стручни кадри или над 100.000 нови работни места“, изјави Стоименовска