ТРАОРНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА НА СТАР ЧЛЕН НА ДПМНЕ: Му се извинувам на македонскиот народ во името на мојата партија и се оградувам од постапките на Груевски и оваа гарнитура на ДПМНЕ која ја уништува Македонија за која се боревме на почетокот на 90-тите со многу страст, ризикувајќи ги нашите животи!

0
1721

partiskaknishkadpmne

Здраво Саше,

Се јавувам од Австралија моето име Душан Андовски иначе загризен за се што се случува во Македонија а како еден од постарите членови на ВМРО-ДПМНЕ поточно член од 199ра а пасивизиран откако Груевци дојдоа на власт, сакам на необичен начин И формално јавно
да се извинам на грдаѓаните на Република Македонија за политиката на оваа власт во последните 8 години. Македонија е толку назадена од сите аспекти економски, демократски, морално… И од лидер во регионот сега е земја за подсмевање последни сме во се!

Долго размислував дали уопште има смисла на ваков начин да се изрази незадоволство кон валдеачката гарнитура па сепак ако процените дека овој момент е потребно, за секоја помош, тука сум.

Инаку нешто за мене: роден сум на 25.11.1957 година во велешкото село Нежилово, завршив средна хемиска во Велес а војно-техничка академија во Загреб, смер технолошки … Магистрирав на Природноматематичкиот факултет во Скопје пред 30 години и тука застанав. ЈНА ја напуштив одма по првиот повик на Владата на Р. Македонија и тоа беше кажано на МРТ. Во АРМ бев до 1997-ма година кога заминувам за Нов Зеланд а потоа дојодов во Аустралија каде и сега живеам со фамилијата.

Значи ако се боревме да падне комунизмот зашто сега треба да молчиме кога во нашата држава има елементи на фашизам И диктатура?! Така што моето обраќање до македонската јавност е следно:

Јас, Душан Андовски како долгогодишен член на ВМРО_ДПМНЕ официјално (30.07/1992 книшка број 27350 попишана од тогашниот генерален секретар Борис Змејковски) со должна почит кон македонските граѓани сакам да се извинам за срамната политика на ВМРО-ДПНЕ кон Македонија и македонскиот народ во моментов.

Како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ секогаш интересите на Македонија И Македонските граѓани сум ги ставал пред моите лични интереси, сум ја градел партијата по цена на мојата кариера. Долго време мислев дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ е некоја моментална слабост на партијата и дека ќе се демократизира, дека сепак ќе преовлада продемократското крило но како одминуваше времето сваќав дека во однос на демократската атмосвера во Македонија е вратена барем најмалку 20 години назназад. Македонија која беше посочувана како лидер во регионот и на источна Европа се претвори во обичен пашалук на 2-3 фамилии И послушниците околу нив додека сите други се за нив предавници.

Сметам дека во Македонија не треба да има неопределени И ако се боревме да падне комунизмот ако сега комунизмот го споредиме со оваа власт на ДПМНЕ ќе дојдеме до поразителен заклучок дека дури и комунизмот беше похуман И подемократски од оваа гарнитура на нашата света ВМРО ДПМНЕ. Можеби овој текст ке биде сосема необичен И различен од другите, можеби ќе бидам јас едниствениот кој пред да го прогласи власта и ненардониот режим и нивните медиумски трубадури за предавник сам ке го сторам тоа И ќе наведам зашто сакам да бидам предавник:

ЈАС СУМ ПРЕДАВНИК И ЕВЕ ЗОШТО:

1. Ќе ги предадам сите оние новинари кој го лажат македонскиот народ!

2. Ќе ги предадам сите оние лажни патриоти кои задскриени зад патриотизмот ја уништија иднината на Македонија!

3. Ќе ги предадам сите оние кои ги влошија меѓунационалните односи до таа мерка да никој веќе Македонија не ја чувствува како своја!

4. Ќе ги предадам сите олигарси на Македонија кои со помош на пријателството со Груевски преку ноќ станаа едни од најголемите богаташи во Европа!

5-.Ќе ги предадам сите судии на било кое ниво кои по налог на власта затвараа новинари политичари И недужни граѓани на Република Македонија само затоа што ја критикувале власта!

6. Ќе ги предадам дел од генаралите од Армијата на Република Македонија кои да дојдат до високи чинови слепо му служат на резимот!

7. Ќе ги предадам високи полициски офицери кои да останат на своите позиции заедно со обавстајните структури на Република Македонија верно му слузат на резимот со тоа сто прислускуваат иљадници градјани на Република Македонија.

8. Ќе ги предадам директорите на дрзавни –јавни претпријатија који на платен список дрзат иљадници цленови на ВМРО_ДПМНЕ кои никогас не доадјаат работат а зимаат плата од дрзавата

9. Ќе ја предадам целата врсxуска на ВМРО_ДПМНЕ која преку нок стана Портокалова бурзоазија.

10. Ќе ги предадам сите оние кои ги испоганија и злоупотребија демоxристијанските И верските чусвтва на граѓаните за политички цели!

11. Ќе ги предадам сите оние кои наместо обединување на македонските граѓани од сите вероисповести и политички погледи ги поделија на антички, на славомакедонци, на големи македонци, на македончиња, на патриоти, предавници, бугарофили, соросоиди, комуњари итн итн…

12. Ќе ги предадам сите оние кои не раскараа со соседните држави!

13. И на крајот сам ќе се предадам на како велат долгата рака на ВМРО-ДПМНЕ, па како бог ќе ми даде…

Има уште многу области каде што сам се прогласувам за предавник без да се труди режимот И режимската пропаганда да ме прогласат за предавник, се надевам дека ако пола Македонија е прогласена за предавници би бил срекен кога би бил со нив во овие тешки моменти за Македонија не сакам ни формално да членувам во партија која го силува сопствените граѓани затоа од овој момент објавувам дека веќе не сум член на ВМРО ДПМНЕ се до заминувањето на Груевски и неговата клика ов врвот на партијата.

Душан Андовски

Во прилог на ова писмо доставувам членска книшка број издадена од ВМРО-ДПМНЕ

Поздрав