ТРАОРНА ИСПОВЕД, СОЛЗИ И МРСУЛИ НА ВМРОВЦИТЕ ПО ПАДОТ НА ГРУЈО И ВМРО-ДПМНЕ : Паднавме од власт и „пријателите“ веќе не честитаат ни Нова Година!

0
1329

Веќе две години не сме на власт и сеуште не можам да се навикнам на тишината на мојот телефон. Откако паднавме од власт нагло се пресекоа сите контакти со многу „другари“ кои без престан ме бараа да одиме во кафани, да завршиме милион работи поврзани со познаници кои беа актуелни на позиција. Но сето тоа било фарса. Паднавме и штама, никој не те бара. Луѓето кои до тогаш ти беа пријатели се скрија не ти дигаат на телефон а камо ли да честитаат Нова Година и празници. Дури и односот на дел од фамилијата стана чуден, во најмала рака со помалку почит. Гледаат на секој начин да те закачнат да те испровоцираат, да те нападнат. На работа, бегаат се однесуваат како да си лепрозен, класични гниди. Истите тие кои ми се пикаа во кабинет и ме прашуваа, цинкареа колеги, правеа милион „пед**ски“ работи против оној со кој пиеа кафе веќе не се поздравуваат со тебе. Знаев од секогаш дека се гниди, но чувството да ги видиш одблизу тие гниди и да ги осетиш на своја кожа е нешто многу специфично. Сега тие гниди го прават истото но за другата власт, истите гниди само со сменета улога, против други колеги.

Од ова извлеков неколку лекции кои имам да ги кажам на сите од актуелната власт, да им ги порачам на гнидите и на „пријателите“:

  1. Во мизерново општество нема пријатели. Се додека си на власт се пикаат стотици луѓе, не можеш да постигнеш со слави и прослави – единствени пријатели се оние кои ќе ти останат пријатели кога ќе бидеш „паднат“ и ќе бидат со тебе додека стануваш. На дечкиве од власт топло им препорачувам да внимаваат затоа што сега се опколени со паразити кои само цицаат од нив.
  2. Гниди – битно, за овие кои се на власт. Информацијата е слатка работа, но цинкарошот, односно гнидата, исечија во корен утре ќе се најдеш на другата страна и ќе ти биде многу криво што не си го направил тоа. Порака за гнидите, не потценувајте има луѓе кои памтат.
  3. Без разлика дали си на власт или во опозиција прави само добри дела сепак на крајот на денот можеби се ретки но има луѓе кои вечно ќе го ценат тоа. Вие кои сте на власт, мерката за успех ќе ја добиете кога ќе паднете во опозиција, кога ќе се свртите околу и ќе видите на колку луѓе можете да се обратите. Мерило за успех е слободно да се движите по ул. Македонија со крената глава и да Ве почитуваат оние кои дошле на власт на ваше место. Успех е да Ви се јави актуелниот, министер, директор кој дошол на вашата позиција и да побара совет од вас. Успех е да имате круг на вистински пријатели, совеста да ви биде мирна, да спиете лесно.
  4. Не живеј од денес за утре, животот продолжува. Се има почеток и крај, буквално се. Некогаш си на врвот, некогаш си на дно. Тоа се циклуси. Најбитно, никогаш не потценувај!

За крај ова е лично искуство, не мора да е точно но како паталец топло препорачувам на секој да го прочита и да ги испочитува овие неколку точки. Оној кој е во облаци, нека се симне, може наскоро да биде доле. Оној кој што е доле нека се смири и нека не заборава, нека памти и нека запишува. оние кои биле луѓе кога биле на власт заслужуваат почит и кога ќе паднат, заслужваат фер и коректен однос. А гнидите…гнидите ги имало и ќе ги има, денешната корист од нив носи голема штета во идно време. Тие памти ги и сотри ги.