Трансформација вредна за награда: Од 210 ослабнал на 77 килограми (фото)

0
1166

Маж со тежина од 210 килограми успеал да ослабне дури 133 килограми за 18 месеци, а промената била толку неверојатно што многумина го оптужиле дека ја фотошопирал својата фотографија.

Морбидно дебелиот Зек Мур изгубил половина од својата тежина откако во 2013 година завршил во болницата поради труење со храна. лекарите тогаш му соопштиле дека неговиот индекс на телесна маса изнесува 60 (инаку, личност која има индекс над 30 се смета за гојазна).

За време на престојот во болницата, Зек престанал да пуши, се откажал од газираните напитоци и шеќери. Сето тоа му помогнало да оствари неверојатна трансформација, затоа што на овој начин за 100 дена ослабнал 50 килограми. Овие промену го пттикнале да продолжи да води таков живот, па така во минатото ја оставил и брзата храна.

Во мај 2014 година направи подврзување на желудникот, а операцијата му дозволила да достигне здрава тежина од 77 килограми.

Бројни корисници на „Инстаграм“ мислеле дека промената е премногу добра за да биде реална, па одлучиле да го оптужат дека фотографијата е фотомонтажа.

Многумина ме прашаа дали сум искрен и дали фотографијата е вистинска. Пред да се одлучам за операцијата, јадев се што сакав и каде сакам. Имав проблеми со одењето и дишењето. Често посетував лекари поради бројните здравствени проблеми. немав никаква сексуална желба. Животот за мене беше вистински пекол – изјавил Зек.

Пред операцијата пушел три кутии цигари дневно и пиел најмалку два литри газирани пијалоци. На среќа предупредувањето за прараната смрт го натерало да го промени својот живот.

Брзата храна ме направи болен. Одлучив да преземам контрола над својот живот. Сакав да живеам и да уживам во животот – додава тој.

По операцијата почнал секојдневно да пешачи по неколку километри, а неговите оброци биле базирани на мала количина протеини и без тешки јаглехидрати, а резултатите не изостанале.