Трамп: Не ја исклучувам можноста за независна кандитатура

0
1350

Американскиот милијардер Доналд Трамп не ја исклучи можноста да се јави како независен кандидат на претседателските избори во САД во 2016 година, ако не биде номиниран од Републиканската партија.

image_1439023817_59

При отворањето на првата тв дебата меѓу десеттемина најодобрувани кандидати за републиканската номинација, организирана од Фокс њуз, новинарката ги запраша учесниците: „Кој нема намера да вети дека ќе се ангажира да го поддржи кандидатот на Републиканската партија и нема да се јави како независен кандидат против него?“

Трамп единствен крена рака. – Нема да го ветам тоа во оваа фаза, изјави бизнисменот, кој води во анкетите меѓу републиканските кандидати.

Ако Трамп учествува во трката за Белата куќа како независен кандидат, тоа веројатно ќе ги раздели гласовите на републиканците и ќе ги зголеми шансите за победа на Хилари Клинтон или друг претставник на Републиканската партија, сметаат аналитичарите.