ТРАМП ГИ ЗАКОПА ВМРОНИТЕ: Му испрати писмо на Иванов, го повика да го поддржи договорот со Грција!

0
1612

Американската амбасада објави писмо од претседателот Трамп до македонскиот претседател Иванов, во кое има честитка за денот на независноста и повик да го помогне договорот од Преспа:

Драг претседателе,

во име на Американскиот народ, ви ја честитам на вас и на граѓаните на Македонија денот на независноста, 8-ми септември.

Македонија има за што да се гордее оваа година. Историскиот договор од Преспа го решава деценискиот проблем со името со Грција и го трљасира патот за членство на Македонија во НАТО и ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ја засили безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД стојат на располагање да ја поддржат Македонија, особено во однос на престојната дискусија за членство во НАТО.

Му посакувам на народот на Македонија се најдобро на овој специјален ден.

Искрено,

Доналд Џ Трамп.