ТРАГИ КОМЕДИЈА НА СУД – КУРТОН ЛАКИ И МЕЧКАТА ОД ПЕШТЕРАТА, ИВОНЧЕ МИЛИОНЧЕ ПЛАЧАТ : ДАЈТЕ НИ ГИ ПАСОШИТЕ И НЕ НЕ ЗАТВОРАЈТЕ, НИЕ СМЕ НЕВИНИ, А И ЌЕ НИ ШТЕТИ НА КАРИЕРАТА И НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД СО НАРОДНИ ПАРИ НА КОЈ СМЕ НАВИКНАТИ!

0
2607

Во Апелацискиот суд завршија јавните седници за жалбите на Специјалното јавно обвинителство и на обвинетите во случаите кои ги отвори Специјалнотот јавно обвинителство,„Триста“, „Тревбник“, „Тотал“ и „Тифани“, откако Кривичните совети не ги прифатија барањата на СЈО за притвор, а на дел од обвинетите им беа одредени мерки за претпазливост.

Специјалното јавно обвинителство останува на барањето на обвинетите да им бидат одредени мерки, а обвинетите бараат судот да им ги укине мерките – да се јавуваат во суд и да им бидат одземени пасошите.

-Професор сум на Европскиот универзитет и на факултет во Србија, каде ако не сум присутен, ќе добијам казна. Осумдесет отсто од приходите во семејството се од мене. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам, рече Драган Павловиќ Латас, главен и одговорен уредник на Сител телевизија кој е обвинет во случајот „Тотал“.

Уредничката Ивона Талевска, пак, на која исто така и е одземен пасошот, во Апелација бараше да и се врати затоа што не може да си ги извршува професионалните обврски без патната исправи и не ќе може да го отплаќа кредитот на станот.

Претходно, помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски обвинет во случајот „Триста“ рече дека не го сторил кривичното дело и дека само ја прифатил одлуката на Комисијата за јавни набавки за набавката на 300 возила за потребите на МВР. Поповски исто така вели дека не постојат основите за бегство, бидејќи патувал само на одмор и со семејството, а и редовно се јавувал за време на целата постапка пред СЈО.

Според СЈО пак постои опасност од бегство и поради тоа бараат притвор за Поповски.

И Звездан и Срѓан Павловиќ, браќа на Латас, обвинети во случајот „Тревник“за изградени три викенд-куќи во општина Зелениково надвор од пропишаната процедура побараа укинување на мерките на претпазливост.

Според адвокатката, Светлана Савиќ нема основи за мерките јавување во суд и одземање на пасошот. Според неа, во историјата на македонското судство нема ваква мерка за лица кои се обвинети за вакво кривично дело и според адвокатката не постојат елементите на кривичното дело кое им се става на товар а тоа бесправно градење.

Вториот адвокат Анита Бегова рече дека од листингот на МВР може да се види дека обвинетиот Звездан Павловиќ во изминатите 5-6 години два- трипати ја напуштил државата и затоа треба да му биде вратен пасошот.

Според Гаврил Бубевски од СЈО, поднесено е обвинение за бесправно градење.

-Во ситуација кога аргументите треба да се соочат на главна расправа, судот усвои соодветна мерка која ќе доведе до решавање на случајот, а со која не му се несоодветно ускратени неговите права. Наведени се повеќе околности, а не само поминување на државната граница, рече тој.

Извор : НоваТВ