ТРАГИ-КОМЕДИЈА ВО ВИЛАТА НА ВОДНО, ПРОДОЛЖУВА ДИВЕЕЊЕТО НА ХОРХЕ, НАПРАВИЛ ИНЦИДЕНТ: Заев и Димитров му го донеле договорот со Грција на Хорхе, го замолиле за кратка средба да му го објаснат целиот процес, овој им ја треснал вратата пред нос!

0
2379

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска остварија средба со Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов на која го доставија договорот за решение за спорот којшто Република Грција го имаше со Република Македонија.

Премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров имаа конструктивен обид обид за презентација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и напушти состанокот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

Владата на Република Македонија ги повикува сите политички фактори да се обединат околу националните приоритети и да дадат поддршка за просперитетот на граѓаните и за влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Граѓаните конечно добија шанса да испишат ново поглавје во историјата на нашата земја и никој нема право да ги спречува да ја донесат вистинската одлука за македонската иднина.