ТОРПЕДО за Црни Грујо од холандскиот министер за надворешни работи: Условите за избори не се исполнети!

0
1206

Холандскиот минситер за надворешни работи Берт Коенденс, во својство на претседавач со Советот на ЕУ им пишал денска  писмо на лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино. Тој изразува загриженост за сериозноста на состојбата во земјава, но и констира дека не исполнети минмимун  уловите што ги испоаачаа  ЕУ и САД во јануари за избори., чист избирачки список, медиумски реформни и одвојување на партијата од државата.

„Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од пржинскиот договор кој не смее да пропадне за дмократската иднина на Вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“ пишува Коенденс.

Коендес бара итно повлекување на аболицијата од страна на претседателот Иванов и да се овозможи на СЈо да ја работи својата работа.

„Да се овозможи на СЈО да ја исполни докрај својата обврска, без опструкции и пореметувања  е витален дел од пржинскиот договор, но и клучно за решавање на политичката криза и враќање на довербата на граѓаните, пишува холандскиот минситер за надворешни работи.

Тој во писмото повторува дека доколку пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни санкции, вклучително во ЕУ процесот и ги повикува лидерите итно да најдат начин за излез од кризата.

134205