ТОЛКУ ГАЛАМА КРЕВААТ, А НЕ ГЛАСААТ НИ 1000: Само 703 гласале во дијаспората, иселениците во Австралија се фалат дека бојкотирале

0
1288

Се гласаше во 26 дипломатско-конзуларни претставништва низ светот

Ова се местата кадешто македонските иселеници гласаа за својот кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

Но, на гласачките места излегоа само седумстотини и тројца гласачи. Државата мораше да обезбеди гласање и во најодалечените точки на земјината топка , иако на пример во Мелбурн гласале само 37 иселеници.

Токму иселениците од Австралија на социјалните мрежи се фалат дека ги бојкотирале претседателските избори затоа што не го прифаќаат новото име на државата, Република СЕВЕРНА Македонија.