Тодоров ЈАВНО да те вакцинираме со БСЖ вакцина на Плоштад

0
1531

Апсурдни луѓе прават апсурдни работи а тоа се граничи со лудило

Авион не летал СКОПЈЕ –СОФИЈА. Кола не возела, возило специјално со ладен ланец немало, мерцедесот од фирерот греота да се искрши, ама за животиоте на бебињата не е битно. Добро до каде ќе се оди веќе? Или на минус 20 мрзне и мозокот а? Дали освен во камено дома сакаш министре да не однесеш дури и во времето на диносаурусите, според тебе очигледно Македонија тоа и го заслужила.

Ајде сега по ред кажи зошто не го казни дистрибутерот заради ненавремена испорака на вакцината? Кажи министре или пратениче или што и да си како може да се направи ваков превид а ти си најтоп министерот до сега во здравството или па си тотално промашил, знаеш дека се буниш кога се трудиш да изговориш стручни работи, не ти кажале советничињата твои? Државната гинекологија е врв а ја сведовте на ниво на амбуланта во Сомалија. Добро од каде таква инспирација за шарени оправдувања за кои секогаш сте спремни?

За здравјето се работи , медицина е ова не хартија. Покрај бурлеската што ја слушнав сакав да прашам дали се точни гласините дека ќе сте кандидат за градоначалник на Центар или и тоа е пак лага? Па министре ти досега го среди образованието, па се поигра доктор па сега ДУП-ови ќе решаваш браво секоја чест на стручната спрема ти си вундеркинд. Само да не ти се помешаат улогите па да настане куршлус а?

Една е вистина и покрај сите ваши лажни ветувања, видовме болници и клинички центри не никнаа, нови партиски примања реализиравте со датуми за наредни години, лекарства немате и си признавте дека вакцина нема. Најбитно е дека со тоа докажавте дека вашето место не е во здравствениот сектор, дека покажавте тотални апсурди кои до сега не се случиле во оваа бранша и дека не мислите воопшто за народот а се етаблиравте дека сте најголемите човекољубци и дека сте за народот.

За вашето владеење видовме само смрт, лаги, заминати колеги и персонал медицински и тотално уништување на здравствениот систем, не знам колку време ќе е потребно да се среди овој најесенцијален сектор во државата. И покрај избришаните долгови повторно натрупавте нови долгови и покрај вложени стотици милиони евра, здравството е руина, куќа од најужасните хорор филмови. Најавите дека од секаде стигаат примедби за вашите прекршоци ме наведува да помислам дека ќе се освестат сите и вие ќе си го добиете заслуженото. Па после вакцинирајте се ќе ви треба и вам.

Ангелчо Андоновски