Тодоров: Уставниот суд да одбие да расправа за уставноста на СЈО и предметот да им го врати на политичарите

0
1019

Народнот движење за Македонија поднесе најавената Иницијатива до Уставниот суд за заштита на јавниот интерес со предлог решенија за излез од кризатa во земјата во врска со Иницијативата за уставна оценка на Специјалното јавно обинителство, а која според партијата може да доведе до граѓански конфликт во земјата земајќи предвид дека приврзаниците на власта бараат Уставниот суд да го прогласи СЈО за неуставно, а приврзаниците на опозицијата и „шарените„ се закануваат дека правдата ќе ја земат во свои раце што во предвод значи граѓански конфликт доколку до 18 јуни Уставниот суд не се произнесе дека СЈО е уставно засновано.

-Како што е познато, пред три дена на прес конференцијата на Народно движење за Македонија најавивме дека ќе поднесеме Иницијатива до Уставниот суд за излез од кризата која настана во врска со поднесената Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на Специјалното јавно обинителство. Оваа криза може да доведе до граѓански конфликт во земјата земајќи предвид дека приврзаниците на власта бараат Уставниот суд да го прогласи за неуставно Специјалното јавно обвинителство (СЈО), додека приврзаниците на СДСМ и „шарените„ се закануваат дека правдата ќе ја земат во свои раце што во превод значи граѓанска војна, доколку до 18 јуни Уставниот суд не се произнесе дека СЈО е уставно засновано.

Денес, како што можете да видите, НДМ ја поднесе Иницијативата до Уставниот суд која ви ја доставуваме за да ја запознаете јавноста. НДМ со оваа иницијатива му предлага на Уставниот суд да одбие да расправа за уставноста на законот за СЈО, и веднаш проблемот со СЈО да им го врати на политичарите и тие нека расправаат за она што се бара од Уставниот суд. Со еден збор, политичарите нека расправаат за статусот на СЈО. За НДМ нема дилема. Повеќе немаме простор за грешки во актуелната криза.

А, најголемата грешка би била ако земјата биде вовлечена во граѓанска војна, рече Ѓорги Тодоров од НДМ. Затоа, НДМ презема поактивна улога и на овој план за изнаоѓање на решение. Во Иницијативата на НДМ има силни аргументи зошто Уставниот суд треба да одбие да расправа за уставноста или неуставноста на СЈО, и зошто предметот треба да им го врати на политичарите.

Исто така, нашата Иницијатива Уставниот суд да го врати предметот на политичарите има поткрепа и во меѓународната уставна наука и пракса. Правната служба на НДМ во своите истражувања на светската уставно- правна пракса дојде до повеќе вакви случаи заради што во Иницијативата наведуваме и пример од светската уставна пракса. Имено, во вакви слични случаи, судовите на одделни држави одбивале да расправаат и ги враќале предметите на политичарите кога им биле поднесувани иницијативи за оценка на уставноста на закони кога се работи за прашања од државен интерес. Оттука, не гледаме причина зошто и Уставниот суд на Македонија не би го повторил она што го направиле нивните странски колеги, рече Тодоров.