Тоа што куртончињата на Грујо го кријаат и не сакаат да го види рајата, сега излезе во јавност : Странска експертиза потврди дека гевгеличани се трујат со арсен

0
1634

Со концентрација од 18 микрограми арсен на еден литар детектирани во примерок вода од градскиот водовод во Гевгелија, меѓународно лиценцирана лабораторија од Солун потврди дека гевгеличани се уште пијат вода со присуство на отровниот елемент арсен, реагира Иницијативата АРСЕНА.

КАко што соопштуваат тие, резултатите покажуваат присуство на 80% поголема концентрација на отровниот металоид од стандардите на Светската здравствена организација и Правилникот за квалитет на води на РМ пропишан од 2008 година.

– Изминативе години Општината и локалното комунално претпријатие ги негираа странските резултати како неточни, упатувајќи дека тие се некомпитабилни со анализите на Институтот за јавно здравје на РМ, кое пак од 8.март минатата година одби да врши анализа на водата од Гевгелија за потребите граѓанската иницијатива „АРСЕНА“ со образложение дека водата е токсична и нема потреба да се прават и понатаму анализи.

– Извештајот за физичко-хемиската анализа на примерок вода од градскиот водовод во Гевгелија е направен според меѓународни стандарди на ЕУ, според ISO 17025, со употреба на методот „O.B.01.040 ICPMS 3125 A,B Mod. St.Met“. Ова е трета анализа што „АРСЕНА“ ја прави во странска лабораторија во изминатите 10 месеци, што значи на секои три месечни анализи присуството на арсенот во здравствено недозволиви количини е потврдено, се вели во соопштението.

Од иницијативата АРСЕНА реагираат дека молкот   на   институциите,   на   локалната   власт,   на   јавното   комунално   претпријатие   е непримерно и законски казниво сиве овие години.

– Зачудува  фактот  што  на  крајот  од  декември  2016  година  Општината  се  пофали  дека извршила реконструкција и обнова на пумпните станици кај Вардар и зголемена е нивната издашност од 50 литри на 100 литри вода во секунда, за која количина во 2014 државните и локални  релевантни  лица  изјавија  дека  ќе  биде  доволно  за  гевгеличани  да  се  спасат  од арсенот. Ќе одговори ли некој дека водата од Вардар не е решение за арсенот, туку грантот од Јапонската влада употребен за обнова на пумпната станица „Вардар“ беше во рамките на помошта за решавање на мигрантската криза и обезбедување дополнителни количини вода за Прифатниот транзитен центар „Винојуг“, кој во декември броеше 127 лица, а деновиве само 67 присутни мигранти. Знае ли јавноста дека и нив локалното комунално претпријатие ги труе сите овие месеци и години со неквалитетна отровна вода?, прашуваат од АРСЕНА.

Од граѓанската иницијатива велат дека резултатите од анализата повторно го наметнуваат прашањето за филтрирање и за деарсенификација на водата.