Тоа ФИКУСОТ ХОРХЕ ВАЛАНДОВСКИ, што се брка со тоа шарпланинците низ претседателската резиденција на Водно нема да се сретне со Карл Билт

0
1316

Во агендата на претседателот Ѓорге Иванов не е предвидена средба со поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, пишува „Курир“.

Според овој медиум, Иванов нема да се сретне со Билт „пред сè поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија“.

Билт, преку својот твитер-профил најави дека денеска ќе дојде во Скопје.

Неофицијално, тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии за да даде свои препораки за излез од политичката криза.