ТОА Е ТОА НАРОДЕ, ЕВЕ КОЈ ДРУГ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОТВОРЕНИТЕ ВРАТИ И КРВОПРОЛЕВАЊЕТО – Алсат: Мукоски и Василевски им ги отвориле вратите, а Тарчуловски ги носел за да ги УБИЈААТ колегите!

0
4406

Заземањето на Собранието и насилниот напад врз пратениците на СДСМ и врз Зијадин Села не биле спонтани, туку координирани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го потврдуваат релевантните информации кои Алсат-М ги обезбеди од свои извори, но и од снимки кои кружат низ социјалните мрежи.

Во текот на гласањето за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ скандираат и пеат песни, кревајќи тензија до точка на зовривање и експлозија со насилниот упад на демонстрантите во просториите на Собранието.

Но, според сигурни извори на Алсат, кои имале увид во снимките од внатрешните камери во Собранието, вратите на Собранието ги отвараат двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, без воопшто да бидат спречени од обезбедувањето на Собранието па ни од малкутемина полицајци кои се наоѓаат на влезот на законодавниот дом.

По упадот во просториите на Собрание, голема група демонстранти е во пленарната сала, каде слават заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а друга група добивајќи насоки од пратеникот Јохан Тарчуловски, кој од Хашкиот трибунал беше осуден за воени злосторства, и од началникот на обезбедувањето на Парламентот и на спикерот Вељановски, Александар Јанковиќ, се упатува кон кон салата за прес-конференции, за да ги најдат пратениците на новото мнозинство.

Насилниците, според изворите на Алсат-М, имаат задача да стигнат до пратениците на СДСМ и до лидерот на Алијансата, Зијадин Села.

Дека нивна мета биле само пратениците на СДСМ, сведочат и многуте снимки кои кружат на социјалните мрежи. Една од нив покажува дека демонстрантите го пропуштаат пратеникот на ДУИ Артан Груби. Дури еден од нив, комуницира и се поздравува со Груби, тапкајќи се меѓусебно по рамењата.

Во слична ситуација се снимени и пратениците Џеват Адеми и Весел Мемеди, кои недопрени поминуваат покрај демонстраните додека зад нив се одвива атакот врз нивните колеги.

Дел од сценариото, според извори на Алсат-М е и случајот со Влатко Ѓорчев, кој според снимките што беа емитувани им помага на пратениците, но нашите извори велат дека неговите чекори се дел од обидот да се релативизара улогата на ВМРО-ДПМНЕ во оркестрирањето на насилството.

Нејасно е дали со тоа што ќе се случува биле запознаени и пратениците на Движењето БЕСА кои си заминаа од Собранието, како и пратениците на ДПА кои исто така не се видени на просториите на законодавниот дом. Според извори на Алсат-М, меѓу демонстрантите има и високи челници на УБК. Според наши извори, најмалку петмина од нив биле дел од толпата, а имало и пензионирани работници на тајната полиција, кои се документирани како им даваат инструкции на насилниците.