Тинекс донира 24.000 литри вода за настраданите од невремето во Скопје

0
1130

Компанијата Тинекс вчера организираше донаторска акција за помош на жителите од настраданите подрачја во Скопје.

Тинекс донира пакети со 24.000 литри вода. Донацијата започна да се доставува во основното училиште „25 Мај” во село Сингелиќ, а од таму водата ќе биде пренесена во кризниот штаб во село Стајковци од каде ќе биде адекватно распределена на сите жители од околните подрачја на кои им е неопходна во овие тешки моменти.