Те гушкам

0
2661

Имате ли личност во вашиот живот без која не можете да го замислите вашиот ден, ноќ и утро?! Епа јас имам! Имате ли личност за која имате мислење дека токму таа е смислата на животот?! Епа јас имам! Имате ли личност која со симпатично намуртена фацичка ќе ви каже што е најдобро за вас и како тоа да го направите?! Епа јас имам и веќе си ја нареков лепотичка, умница и секаквица…и ете таквица. Ахххх … ти кажав ли колку те гушкам?!

Знаете, не секогаш во животот човек може да се пофали дека има и запознал таква посебна личност во својот живот која ќе биде негов патоказ за да биде и стане подобра личност и каде човек може да го довери животот на таа личност, да го чува, да внимава на него и да го сака со сета нејзина љубов и грижа. Ахххх … да знаеш колку ми значиш, секаквице.

Малкумина од луѓето знаат или начуле за ваквите ретки личности кои знаат неизмерно да сакаат, луѓе кои знаат да бидат толку големи, но сепак незабележителни од рајата. Оваа личност за која што со љубов и радост сега пишувам е личноста која ми ја подарува нејзината беспрекорна љубов и грижа, иако лично на моменти не ја заслужувам таа нејзина љубов и грижа со својата тврдоглавост но сепак ја добивам. Личноста за која што сметам дека може и треба да биде запишана некаде макар во некои редови, дека постоела, дека такво суштество постои, дека толку љубов може да се најде во еден човек, тоа мора и треба да биде запишано дека постои такво битие кое незнае за омраза, кое незнае за зло. Ахххх … да знаеш колку ми те сакам најмила.

Жената за која што пишувам е симбол на едно време на злоба помеѓу луѓето, злоба која уништува се пред себе играјќи си со човечките животи, но кај оваа навидум обична но силна жена тоа го нема, не постои … ахххх … знаеш колку те гушкам, нели лепотичке?!

Овај текст е за тебе, со посвета, нека остане запишано дека некој знае за твојата љубов, за твојата големина, нека остане запишано дека не заборавам, нека трепка лепотице. Те гушка, тапчо тапчоски …

Со посвета,