Сега шефот останува без чергиче под нозете. И додека едните на ЦЕЦА, а другите на ВанБурен или нешто слично, лабави, се забавуваат опуштени ко ништо да не се случува народот е на бездер и бара начин да си ја сочува државата. И најде! Тоа што седам со Палчо, Солза, Бачев и стотици други е последица на исто мислење за проблемите на државата. Тоа истомисление го воочивме на барикадите. Таму каде што го немаше шефот, лидериштето. А го бараа. Но го немаше. Народот го бара ВМРО за да почувствува заштита. Ама не ја добива. И сега ние сме ти биле РУБЉА ПАТРИОТИ. Ок. Сакате така. Тогаш да одговори ДПМНЕ зошто во хотел МОНТАНА во Крушево после говорот на Иванов на Мечкин Камен околу тројцата потпретседатели и ген секот (сите произлезени од нелегитимен конгрес) имаше десетина оперативци на ДИП СТЕЈТ. Случајност? Не верувам.
И сега додека рубљите никој не ги видел (повикувам кој има доказ да го објави) оперативците на ДИП СТЕЈТ ги видоа сите.
Ова оправдано ми дава за право да сметам дека хајката врз нас ја раководат структури кои за жал ја користат БЕЛАТА ПАЛАТА како своја продолжена рака, а тамошните компромитирани ликови наседнати насила против вољата на членството ги третираат како најобични извршители. Шмизли.
Шушумиги не ви е крив Бачев, нити Филип. Криви сте самите. Народот е во зандани. Луѓе се малтретираат секојдневно. Се апсат. Се отпуштаат од работа. Се шиканираат. Исмеваат. А вие седите во палатата и си делите идни директорски места. И очекувате некој да испие дневна доза нафта и да поверува во вашите ефтини пропагандистички памфлети. Ајде на дуел. Кој сакате, кога сакате, колкумина сакате. Може да ви се даде бројчана предност во студио поради принципот на негативната селекција според кој сте се набутале и го злоупотребувате ВМРО. Ајде да се објасниме. Очи во очи. До кога ќе се криете? 😁😁😁
Но не. Полесно ви е тие што ви должат да објавуваат памфлетчиња, а во ЕЛЕМ на пример да не им фали влакно на глава. Нели ви е чудно што Заев не ви ги дира само функционерите? Да не сте му дале список? Сакате да фрлиме некои имиња во рингот?
ВМРО беше создадено да ги штити интересите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД а не на врхушката. Дебело сте во офсајд. Ќе се свртите и ќе се чудите што ве снашло.
#Бојкотирам
#ДолуЛажнитеИдоли
#НегативнаСелекција
#Дудуци
#ВмроНаВмровците
Сепак може да здивнете. Сега за сега сте небитни како збирштина, што би рекол Трамп МОЧУРИШТЕ. Далеку далеку побитно е да се спаси името и да се урне референдумот.
#ДаЖивееТрамп
#ДаЖивееПутин
#КајСеДоларитеИРубљите?
П.С. пренесете му на “ЛИДЕРИШТЕТО” ако дојде и ја потпише декларацијата БОЈКОТИРАМ дека може да го води отпорот. Во рамките на тој чин од мене ќе има ПОВЛЕКУВАЊЕ и нема да му пречам/пречиме со ништо.
Фејсбук статус на Филип Петровски