(ФОТО + ВИДЕО) Терористот од Истанбул пружал отпор при апсењето па ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗБУМБАРИ ПРЕД КАМЕРИ!!!

0
1344

Откриени  150 000 долари, кои според властите биле “платата” за напаѓачот

Како што Локално.мк веќе информираа, атентаторот кој застрела 39 лица во ноќен клуб во Истанбул во новогодишната ноќ е фатен. Веста беше соопштена првично од водечките изданија во Турција, а потоа распространета од меѓународните агенции.

Турската полиција го фати жив убиецот од клуб “Реина” во Истанбул

Абдулгадир Машарипов од Узбекистан бил уапсен заедно со 4-годишен син при антитерористичка операција во истанбулскиот кварт Есенјур. Тој се криел во стан во станбен комплекс, ангажиран од негов познаник од Киргистан.

1484615940-03cf1f860Машарипов покажал отпор при апсењето. На распространети слики  се гледа крв, а по неговото лице има модринки и крварење, од тепање .

1484615962-5106ff2f0

Машарипов кој дошол во Турција од Сирија, ќе биде подложен на медицински преглед, по што ќе биде сослушан.

1484615948-815c83f

Според агенцијата Анадолија во операцијата биле уапсени вкупно пет лица, меѓу кои три жени и киргизстанецот, каде вил сокриен атентаторот.

1484615971-603571780

Претходно турски медиуми објавија дека полицијата го  идентификувала сторителот на крвавиот напад во новогодишната ноќ како 34-годишен узбекистанец кој е познат уште под името Абу Мохамед Хорас и е член на ќелија на џихад група “Исламска држава” во Централна Азија.

1484615944-32784c5991

На адреса во Истанбул беа откриени 150 000 долари, кои според властите биле “платата” за напаѓачот.

https://www.youtube.com/watch?v=iufkQBTP60Y