ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА НА ОЈО : ВО ЗАТВОР ЌЕ ЛЕЖАТ ГРУЈОВИТЕ ИСЦЕДОЦИ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ И ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ ЗА МЕСТЕЊЕ СУДСКИ ПРОЦЕСИ!!!

0
1910

Скопското јавно обвинителство отвори предистражна постапка во врска со извештајот за злоупотребите со АКМИСОТ што го достави експертската група од министерството за правда, изјави за Сакам да кажам.мк јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

„Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти при министерството за правда,  при извршените контроли во Основниот суд Скопје 1, во Врховниот и во други судови, можам да ви потврдам дека се води предистражна постапка и во оваа фаза таа е тајна“, одговори Јовески.

Судијата Џемали Саити од Врховниот суд на новинарско прашање на денешната стручна расправа за реформите во правосудството рече дека не е запознаен со предистражната постапка, но го повтори својот став дека поддржува секаква активност која е во насока на утврдување на вистината и откривање на секој оној кој се огрешил пред законот.

– За предистрагата немам информации, но неколкупати сум истакнал дека ја поддржувам било која постапка со која ќе утврдат незаконитости, дури и мои да се иако не сум директно инволвиран во работата на АКМИСОТ. Времето ќе покаже дали навистина има или не злоупотреби во редовна судска постапка, рече Саити.

Извештајот за АКМИС системот досега не е јавно објавен. Министерството за правда од еднастрана и специјалната обвинителка Катица Јанева од друга страна, открија и јавно кажаа за вршени злоупотреби со местење на судски предмети и нивно давање на рака на подобни судии, уште кога влегоа во ист ден во Основниот суд Скопје 1. Потоа од Министерството за правда произлегоа информации за злоупотреби при доделувањето на судските предмети и по извршената контрола во Врховниот суд.