ТЕРМОНУКЛЕАРНА БОМБА НА КОСИЈАС : ГРУЕВЦИ ПРИФАТИЛЕ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО 2009-ТА ГОДИНА

0
1252

Нема разлика во името кое е договорено од сегашната власт и од онаа на Никола Груевски. Република Северна Македонија прифатила и тогашната власт на ВМРО –  ДПМНЕ. Во прашање е можеби поголемиот успех на оваа Влада во зачувувањето на јазикот и идентитетот, елементи за кои Коѕијас денеска и не се изјасни.

Ова го најави шефот на  грчката дипломатија Никос Коѕијас од грчкиот парламент, за време на расправата за гласање недоверба на владата.

На седницата за доверба на владата на Цишрас, Коѕијас, ги анализираше понудените предлози на Нимиц (Вардарска Македонија, Горна Македонија, Македонија – Скопје, Северна Македонија) и рече дека сите имиња освен Северна Македонија, биле отфрлени од грчките влади во минатото.

  • Во однос на договореното име, шефот на грчката дипломатија рече дека во минатото, токму за овој предлог владата на Груевски и тогашната влада на Папандреу коментирале дека е предлог за кој вреди да се разговара и преговара и се осврна на периодот во 2009.

Константинос Мицотакис рекол дека ова име може да е исходот што се бара, а министерка за надворешни работи во 2009 Дора Бакојани, во одговор до Нимиц, според Коѕијас, рекла дека „секако вреди да се продолжат преговорите за ова име“.

Шефот на грчката дипломатија го повтори ставот на владата дека најголемите опозициски партии и во двете земји имаат идентични позиции, и едните и другите ги обвинуваат владите дека дале сѐ во преговорите.

Алексис Ципрас, можеби имаме два различни договора еден за едната, еден за другата земја, се запраша Коѕијас обраќајќи му се на грчкиот премиер во однос на обвинувањата од опозициите и во Македонија и во Грција.

Во 45-минутниот говор, тој на пратениците им ги објасни главните точки од договорот што се однесуваат на јазикот, државјанството, ерга омнес и евро-атлантската интеграција на нашата земја.